Базенот во „Борис Трајковски“ отворен за лицата со посебни потреби

Во рамки на програмите за развој на спортот кај младите, посебен проект кој има позитивна реакција е програмата за помош на лицата со посебни потреби. Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ги отвори вратите од базенот за оваа категорија лица, кои секој ден во терминот од 16:00 – 17:00 часот доаѓаат на пливање.

 

Освен бесплатното користење на базенот, СЦБТ обезбеди тренери кои помагаат во специјално адаптираните тренинзите со овие деца. Програмата се однесува на директен контакт со лицата со посебни потреби, а се врши и едукација на родителите се` со цел по завршување на курсот и ренажниот процес родителите да ги заменат тренерите. Целта е да се излезе во пресрет на повеќе емејства, да се обучат што повеќе родители и да се работи со повеќе лица со посебни потреби. За овој проект се ангажирани најдобрите тренери кои се предводени од проф. д-р Наташа Мешковска.

Идејата е преку спортски вежби на децата со различни ментални и физички попречености да им се овозможи полесен и побрз напредок, но и чекор напред кон нормалното функционирање.
Овој проект се реализира заедно со здружението „Дајте ни крилја“.

You May Also Like