„Паѓа мрак“ нова песна на рок-бендот „Визија“

„Паѓа мрак” е насловена новата нумера на бендот Визија, кој е присутен на македонската рок сцена од ноември 2011 година.

Нивниот прв студиски запис беше песната ,,Живеј” со која Визија ја започна својата кариера, а нивната нумера насловена ,,Гласот на мојата душа” е последната песна која беше пуштена во јавноста пред нешто повеќе од една недела.

Бендот го сочинуваат: Марко Џамбазоски (гитара и придружни вокали), Марко Гапо (Вокал и ритам гитара), Лилјана Јанкова (Бас гитара и придружни вокали) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани), Инспирацијата се црпи од рок музиката, проследено со експериментирање на различни стилови со цел формирање на сопствен стил.

Во јуни 2012 бендот Визија настапи на Т’к – так фест во Кавадарци, каде што беше прогласен за еден од најдобрите три бендови на фестивалот, а во ноември 2012 бендот бележи настап на престижниот фестивал Таксират.

You May Also Like