Трилерот „Луси“ на Лук Бесон од 11 септември во Синеплекс

На 11 септември во киното Синеплекс премиерно ќе биде прикажан најновиот акционен трилер на Лук Бесон „Луси“.

Lucy

 

Акциониот трилер “Луси” се занимава со тоа што една жена може вистински да направи доколку отклучи 100% од својот мозок.

Одамна е позната претпоставката дека луѓето користат само мал процент од својот церебрален капацитет. Со векови се претпоставува дека човештвото може вистински да еволуира само доколку овој праг се помести. Што навистина би се случило доколку можеме да искористиме повеќе? Што се случува со нашето тело доколку се искористуваат 20%? Кои можности го добиваме со 50%? Дали кога сите од 86 милијарди густо поставени неурони во човечкиот мозок ќе се “вклучат” наеднаш и ќе постигнат 100% искористување се добива надчовек? Како тоа ќе ни влијае врз нашето разбирање за животот и за нашата улога во него? Би имале повеќе контрола врз самите себеси и другите?

Со оваа интересна идеја се поставени и темелите за филмот Луси. Според продуцентката Виржинија Бесон Сила, идејата за Луси се родила уште пред 10 години. 10 години таа идеја растела и се развивала за конечно да созрее и да се преточи во крими акционен трилер каков и што е. Самиот Бесон не сакал овој филм да биде чиста крими – акција, туку сакал филмот да има и научна поткрепа за што контактирал неколку научници од различни институти кои му објасниле на кој начин работи мозокот, на кој начин милијардите клетки во нашето тело комуницираат меѓусебно…

Лук Бесон, познат по своите филмови “Никита”, “Петтиот Елемент”, “Професионалец”, познат по креирањето на највпечатливите хероини во новата филмска историја, не води низ приказната за Луси која ја толкува Скарлет Јохансон, безгрижна студентка која живее во Тајван, и Морган Фримен кој го толкува ликот на Семјуел Норман, реномиран професор кој целиот свој живот се занимава со истражување на потенцијалот на мозокот, единствен човек на планетата кој може да разбере што и се случува на Луси.

You May Also Like