„Павилјон за знаење по мерка“ за почетокот на АКТО

Проектот „Павилјон за знаење по мерка“ вечер (четврток, 9 август, 2012 година) во 20:30 во клубот „Кафана“ во ЦК во Битола ќе го означи стартот на 7-то издание на Фестивалот на современи уметности АКТО.

„Павилјонот за знаење по мерка“ претставува интердисциплинарен и дискурзивен кураторски проект на Сузана Милевска, во чии рамки се потенцира значењето на вонинституционалното, неуниформното и контекстуалното знаење наспроти контролираното и идеологизирано знаење. Алтернативното и „ситуирано знаење” (термин скован од Дона Харавеј) најчесто е продуцирано од страна на ад-хок само-организирани заедници на љубопитни и независни мислители од различни дисциплини што активно учествуваат во развивањето на критичкото мислење и менувањето на општествената свест.
Проектите кои се презентирани во рамките на проектот Павилјонот за знаење по мерка на Фестивалот за современи уметности АКТО 07 – Публика/Public/Audience се фокусираат на колаборативност и партиципативност потенцирајќи ја ургентноста да се афирмира уметност што рамноправно учествува во образовните, а не само во културните процеси во едно општество. Воедно, поканетите уметници придонесуваат кон воспоставување на еден активен однос меѓу уметничките проекти, институциите и публиката при што произведувањето на локалното знаење е резултат на едно перформативно деконструирање на вообичаените хиерархиски односи кои вообичаено владеат на уметничката сцена.
Проекти/Учесници:
Галерија 7- колаборативен архивски проект во прогрес / Mакедонија
Да се слуша публиката- колаборативен и партиципативен
проект на Сузана Милевска, Филип Јовановски, Драгана Заревска, Симона Манчева, Катерина Соколова,Ивана Спироска, Дарко Алексовски и 24 волонтери на АКТО 7/ Mакедонија
Женска книга – Лилјана Ѓузелова / Македонија
Клацкалки- Шкарт / Србија
Книги на уметници од Словенија 1966-2010- Изложба на Тадеј Погачар/ TheP.A.R.A.S.I.T.E. Institute
МонАполи- Тадеј Погачар / Словенија

Приведени- Барбара Бласин / Хрватска
Студии на Југославија – Читачка група: Знаење по геноцидот – потчинето знаење
Групата Споменик, Учителот незнајко и неговите комитети (Милица Томиќ и Бранимир Стојановиќ / Србија

You May Also Like