4.227 Македонци ги испратија своите имиња на Марс

Во чипот на роверот „Кјуриосити“ кој полета да ја истражи планетата Марс, беа впишани 1.246.445 имиња на луѓе од над 240 земји во светот. Повеќе од 500 илјади се Американци, по нив следуваат Британците, па Индијците.

„Кјуриосити“ на неговото истражување ги однесе и имињата на вкупно 4.227 македонски државјани, кои навреме ги испратиле своите податоци до Американската агенција за вселенски истражувања – НАСА.

Од Бугарија своите имиња ги испратиле 3.781 лица, од Грција 2.794, а од Србија 2.006 лица. Според со имињата на лица од земјите од нашето соседство, Македонците се најбројни.

You May Also Like