Започнува фестивалот на современи уметности АКТО

Од денеска (четврток, 9 август, 2012 година) во Битола започнува 7-то издание на Фестивалот на современи уметности АКТО. Годинашната тема е „Публика/ audience/ public“, а фестивалот кој е поддржан и од Бит Фест ќе трае до 12 август.

Официјалната програма на седмото по ред издание на фестивалот  ќе биде  отворена со групната изложба  „Павилјон за знаење по мерка “, под кураторство на Сузана Милевска. Павилјонот ќе биде поставен во алтернативниот простор на клуб кафеаната на НУ Центар за култура Битола.
Како дел од  официјалната програма, ќе се одржи и  конференција  на тема  „Менаџирање и одгледување публика  ”,  која  ќе се одржи во просториите на Завод и музеј Битола.
Исто така и оваа година ќе биде доделена наградата за интердисциплинарност  „Драгиша Наневски “, за која ќе одлучува тричлено жири, за проектите кои се дел од официјалната програма.

Офф програмата на Фестивалот ќе понуди еклектични стилови на авторска музика предводени од ексклузивниот настап на реномираниот електронски артист Андреас Сааг од Берлин,  потоа Зоки Бејбе, Мирко Попов,  Goran Tech, K.Petrovsky, Dejan Dex, Sasha pavlovic, Martchin, како и на бендовите Conquering lion, Pumpers, Molokai и Hipnopolis.

На фестивалот ќе биде промовирана и компилацијата “ Ако одам во Битола “, која е издадена во соработка со ПМГ рекордингс и ја презентира битолската музичка сцена преку музиката на групите Фолтин, Љубојна, Молокаи, Памперс, Паркети и електронските артисти Saso Recyd, К. Petrovsky, Goran Tech, Миле Гроздановски.
Во соработка со Македонски железници Фестивалот обезбедува бесплатен транспорт со брендираниот Акто вагон кој ќе се обраќа  релација Скопје-Битола-Скопје  за време на одржувањето на Фестивалот.

You May Also Like