Вечер (сабота 21 јули) во 21:00 часот во амфитеатарот Стоби, во рамки на 11-от Интернационален фестивал на античка драма ќе биде изведена претставата „Одбраната на Сократ“ на Театарот на актерот од Македонија.
„Одбраната на Сократ“ е работена според истоименото делото на Платон. Сценографијата е на Крсте С. Џидров, а костимографијата на Благоја Мицевски. Во претставата играат актерите Бајруш Мјаку, Бесфорт Идризи и Ибрахим Џемали.