„Цело лето – културно лето“ во Прилеп

Во рамки на манифестацијата „Цело лето – културно лето“ во Прилеп вечер (сабота, 21 јули) на плоштадот „Александрија“ во 21:30 часот гостуваат шпанската група „Офир“ и данската „Kynnes kabala“.

Групата „Офир“ е култен џез и рок бенд во Европа со гитаристот и композитор Анхел Онталва. Нивната музика има цигански звук и елементи на фламенко.

Данската „Kynnes kabala“ е група формирана во 2009 година од пејачката и текстописец Марија Куне, која ја проучувала сложеноста на македонското народно пеење.Тие во Прилеп на Културното лето доаѓа во рамки на соработката на ЦК „Марко Цепенков“ и Центарот за културна деконтаминација од Битола.

You May Also Like