Книгата „Државата и нејзиниот театар – Хрватскиот државен театар во Загреб“ од Снежана Бановиќ, беше промовирана денеска (сабота, 21 јули) во Куќата на Уранија. Промоцијата беше во рамки на „Охридско лето“.
За книгата „Државата и нејзиниот театар – Хрватскиот државен театар во Загреб“ денеска во Охрид зборуваа академиок Катица Ќулавкова, хрватскиот амбасадор во Македонија Златко Карамариќ и Наташа Аврамовска, проф. на Институтот за македонска литература.
Снежана Бановиќ е позната хрватска режисерка и професор на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот во Загреб. Докторатот и бил на тема поврзана со иделошката стратегија на хрватската држава во времето на Втората светска војна, имплементирана преку работата на Хрватското државно казалиште.
