Маја Кировска изложува во Музеј на град Скопје

Утре (четврток, 27 декември) во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопјево 20:30 ќе биде отвоена изложбата „Температура, циркулација, гравитација…“ на Маја Кировска.

„Температура, циркулација, гравитација…” е изложба составена од поголем брoј асоцијативни дела, колажи, објекти и видеа, каде авторот ги материјализира сите мисли кои спонтано се јавуваат додека размислува за цикличниот тек на нештата т.е. ги разгледува релациите, природно-вештачко, органско-неорганско, растително-животинско-човечко… а каде е љубовта?

You May Also Like