Овации за македонските џез музичари во КИЦ во Софија

Тони Китановски, Илчо Јованов, Дине Донев и Александар Секуловски, синоќа (четврток, 11 април) во преполниот салон на Чешкиот центар во Софија, успеаја да измамат и долги аплаузи и воодушевување кај публиката во Софија.

Низ етно-џез обработки на традиционални македонски песни, како и бравурозни интерпретации на современи џез композиции, македонските музичари остварија незаборавна музичка вечер, на која беа присутни бројни значајни имиња од културниот и музичкиот живот на Бугарија, меѓу кои и големиот музички уметник Теодосиј Спасов.

Концертот беше дел од програмата на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, организиран во партнерство со Чешкиот Центар во Софија и поддржан од Министерството за култура на Македонија.

You May Also Like