„Недела на македонскиот филм“ во Велес

Почувајќи од вечерва (понеделник, 27 август) со почеток во 20:00 часот, па се до недела (2 септември) во амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес, започнува „Недела на македонскиот филм“.

Оваа културна манифестација, во организација на Кинотека на Македонија, Народниот театар „ЈХК Џинот“ од Велес и Општина Велес се реализира по повод јубилејот – 60 години Македонски филм.

Неделата на Македонскиот филм ќе им овозможи на велешани да се потсетат на антологиските македонски филмови – „Фросина“, Црвениот коњ“., Црно семе“ и други, како и на десетина документарни остварувања што ја презентираат македонската традиција и култура.

You May Also Like