Мултимедијалната манифестација „Славење на пирејот“ која се одржува денеска и утре (понеделник/вторник, 27/28. август) во селото Слоештица ќе биде во знакот на промоција на уметниците.
Манифестацијата ќе почне со традиционалната беседа на гробот на писателот Петре М. Андреевски, а ќе ја одржи писателот Цветан Враживирски. Во текот на овие два дена ќе биде промовирана етнолошко-антрополошката студија „Гревот и казната во македонската традиција“ од Јелена Цветановска, ќе се одржи изложба на дела од уметничката работилница „Арт поинт – Гумно“ како и премиера на документарниот филм „Бисер од небото“ на Гоце Димовски, проекција на „Девојчето што бере тутун“ во режија на Билјана Гаварлиева.
Манифестацијата е подржана од Министерството за култура и од општините Демир Хисар, Битола и Вевчани, а ќе биде зачинета со настап на гости од Вевчани, кои маскирани ќе продефилираат во селото.