Викенд-работилница за книжевност во Лазарополе

Денеска и утре (27 и 28 октомври) во селото Лазарополе ќе се одржи Креативна работилница за кратки книжевни форми. Координатори на работилницата се Тони Димитров и Снежана Стојчевска, а домаќин Јован Ламбески.

Концепт:
Во моментов, македонската поетска сцена е во процес на оформување и созревање. Во такви услови потребата од собири каде ќе се пишува и презентира е и повеќе од потребна. Вмрежувањето помеѓу млади и надоаѓачки поети како и оние кои се веќе подолго време присутни на сцената и нивна взаемна соработка и размена на искуства е нужност. Оваa работилница ќе се обиде на едно место да собере поети и млади кои се заинтересирани за книжевноста и пишувањето, кои ќе работат, врз основа на што би се создала база за нивна понатамошна соработка на ниво на локална сцена. Ова е еден чекор кон креирање на своевидна поетска заедница која ќе ги има сите параметри на една здрава сцена која меѓусебно ќе комуницира и соработува во иднина.
Кратки книжевни форми е насловот на работилницата на која ќе се пишуваат и презентираат неколку различни видови кратки форми на изразување меѓу кои кратки песни, кратки раскази, хаику и калиграми, каде авторите ќе имаат можност да се соберат на едно прекрасно место и заедно да работат, да се инспирираат, создаваат, пишуваат, да ја претстават својата работа, да соработуваат, да се дружат и да уживаат во природата.

За работилницата:
Кратки книжевни форми е работилница наменета за поети и книжевници. Работилницата ќе се состои од работни сесии (предавања, пишување, читање) каде авторите ќе имаат можност меѓусебно да се запознаат, да пишуваат, да ја презентираат својата поезија и да ја слушнат поезијата на другите поети.
Резултатот од оваа работилница ќе се снима од кои снимки ќе се создаде емисија која ќе биде претставена на емисијата Свирачиња на Канал103. Поезијата ќе биде публикувана во соодветна публикација или книга.

Каде?
Работилницата ќе се одржи во планинското село Лазарополе, Западна Македонија. Планинско село на 1350 м.н.в. и една од највисоките населби во земјата. Неверојатно и прекрасно место кое се наоѓа на платото на планината Бистра, опкружено со букови и дабови шуми.

Кога?
Работилницата ќе се одржи во текот 2 дена од 27 до 28 октомври 2012.

Учесници:

Ѓоко Здравевски
Владимир Мартиновски
Елена Пренџова
Анета Василева
Александар Станојков
Снежана Стојчевска
Аница Блазевска
Ратка Соклеска
Басар Го-тсе Смилевски
Емилија Славковска
Наталија Славковска
Игор Ивановски
Тони Димитров
Дуке Поп Дејановски
Исток Улчар
Тома Димовски

You May Also Like