Недела на дизајнот во Скопје во Куршумли ан

По отворањето на Недела на дизајнот во Скопје во Куршумли-ан се одвиваат целодневни активности во повеќе сегменти: бизнис и едукативни презентации, работилници, панел-дискусии, изложби, гастро талент лабораторија, музички концерти и диџеј-сетови.

skopje design week 2014 1

Отворањето на четвртото издание на Недела на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week), на 23 септември, помина во знакот на изложбите што ќе бидат достапни за јавноста до крајот на манифестацијата, на 28 септември. На отворањето присуствуваа голем број дизајнери, гости-учесници на основачката конференција на Балканската дизајн мрежа, претставници на дипломатскиот кор, лица од политичката, бизнис и уметничката заедница, студенти од факултетите и академиите за уметност и дизајн, како и граѓани со изразено чувство за естетски вредности.

Во комерцијалниот сегмент на приземјето во Куршумли-ан на Недела на дизајнот во Скопје присутни се производители, студија за дизајн, продавници, дистрибутери и самостојни дизајнери кои ги изложуваат и продаваат своите производи и услуги.

skopje design week 2014 2

Горниот кат во Куршумли-ан е резервиран за изложбата на десет млади и модерни дизајнери од земјата во фокус – Франција, како и за изложбите на млади таленти, новоформирани студија и патувачките изложби.

Пред влезот на Куршумли-ан се поставени дизајнерската продавница на „Капка“ и „Лудус“, каде се претставени најновите дизајнерски трендови и дадена е можноста за средба меѓу дизајнерите и публиката, и гастро-зоната во форма на отворена кујна на „Барбакан“ и пријателите.

Забавниот дел на отворањето беше исполнет со настапот на групата „Мјузтрап“ од Србија и диџеј-сетот на Аќим. Доследно следејќи го мотото на четвртото издание на Недела на дизајнот во Скопје – „Четврта смена“, забавата траеше до 1 часот по полноќ.

skopje design week 2014 3

skopje design week 2014 4

skopje design week 2014 5

You May Also Like