„Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ отворен за посетителите

Новоформираната Национална установа „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим ќе биде отворена за посетителите, почнувајќи од утре (сабота, 10 септември 2011 година).

Музејот ќе биде отворен за посетителите од вторник до сабота со работно време од 12:00 до 20:00 часот, како и во недела од 12:00 до 16:00 часот. Понеделник ќе биде неработен ден.

Управниот одбор на НУ „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ донесе одлука влезницата за индивидуални посети да чини 100 денари, а 50 денари за организирани групи (за ученици, пензионери и др.), истакна во своето соопштение до медиумите директорот м-р Бранислав Светозаревиќ.

You May Also Like