„Капетан Америка“ на врвот на северноамариканските листи

Акцискиот филм „Капетан Америка“, воин на зимата, втора недела по ред се најде на врвот на северноамериканските скалила на најгледани филмови, покажуваат податоците кои ги објави Exhibitor Relations.

captain-america-movie (copy)

Остварувањето, во стилот на политички трилер од 70-тите, заработи во текот на викендот 41,4 милиони долари, а од почетокот на прикажувањето на минатата недела дури 159 милиони долари. На второ место на десет најгледаните филмови е анимираното дело „Рио 2“, вториот дел од авантурите на немирните птици во Бразил. Филмот заработи 39 милиони долари.

Следува „Oculus“, хорор филм за жена која се обидува да докаже дека нејзиниот брат не направил убиство за кое го обвинуваат, тврдејќи дека станува збро за натприроден феномен. Хоророт заработи 12 милиони долари оставајќи го зад себе новиот проект на Ритман „Денот на одлука“ со Кевин Костнер, со приход 9,75 милиони долари.

Меѓу првите десет најгледани филмови на американскиот box-office и садолесцентската сага „Различна“ со 7,5 милиони долари, потоа Ное, долгометражен филм со библиска тема на кој заработи 7,45 милиони и Дизниевиот „Мапети во бегство“, со 2,2 милиони долари заработувачка.

На дното на списокот од првите десет е филмот „Авантурите на господинот Пибоди и Шерман со 1,8 милиони долари заработувачка.

You May Also Like