Во Македонската опера и балет,утре (недела, 22 февруари) во 12:00 часот, ќе се одигра матине-претставата за деца „Клинг-Кланг“.
е музичка авантура која како серијал за запознавање со музиката на најмладата популација, ја востанови гостинката од Австрија, Урсула Хорнер.
Она што е посебно важно за оваа претстава е активното учество на децата. Тие ќе имаат можност директно да се запознаат со музичките инструменти, кои низ приказна ќе им ја доловат музиката како феномен. Ќе имаат можност да пеат, ракоплескаат и да поставуваат прашања до сите учесници на сцената.
Во неделната матине претстава, децата ќе се запознаат со гудачките инструменти.Поради градежни зафати, влезот во Македонската опера и балет е преку подземната гаража од страната на аптеката Зегинн.