Денес (петок, 9 септември 2011 година) точно на пладне, беше отворен свечено новиот паркинг пред скопската Зоолошка градина. Оваа фотографија практично прикажува што е сработено. Погледнете! Кликнете ја сликата.
Градоначалникот Трајановски официјално го пушти во употреба паркиралиштето за 93 возила, од десната страна на булеварот Илинден, пред објектот на Зоолошката градина. Новиот паркинг-простор е широк 18 метри, а долг 152 метри.
– Новото паркиралиште за 93 возила ќе го олесни паркирањето пред Зоолошката градина и се надеваме дека ќе привлече поголем број посетители. Градот Скопје за овој проект од Буџетот одвои околу 10 милиони денари. Меѓу тротоарот на булеварот Илинден и паркиралиштето е оформен зелен појас со ширина од 10 метри. Просторот околу паркингот ќе биде дополнително облагороден со два дрвореда од јапонски цреши коишто формираат крошни од 4 до 5 метри – рече денеска градоначалникот Трајановски.
Во текот на градежните работи на новото паркиралиште на површина од 2671 квадратен метар беше направен ископ, просторот беше тампониран и асфалтиран. На паркиралиштето беше поставена и атмосферска канализација долга 180 метри (Ф 300) којашто овозможува одведување на атмосферските На паркингот се поставени 7 (седум) двокраки конзоли за осветлување од страната на булеварот Илинден и 4 (четири) нови еднокраки столба за осветлување од страната на објектот на Зоолошката градина. Како дел од проектот за уредување на просторот околу проширениот булевар.
Илинден екипи на Градот Скопје урнаа 2 (два) објекти за индивидуално домување по трасата на булеварот. Објектите се наоѓаа меѓу зградата на Зоолошката градина и последната барака на Град Скопје. Во согласност со спроведеното вештачење објектите беа експроприрани, а Градот Скопје за четирите семејства обезбеди станови. Вредноста на обесштетувањето изнесува околу 100 000 евра.