„Многу врева за ништо“ во Прилепскиот театар

Синоќа (недела, 21 октомври, 2012) во Народниот театар во Прилеп, премиерно беше изведена претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир во режија на гостинката од Србија,  Ива Милошевиќ.

 

Ова е прво претставување на дело на Шекспир на сцена во театарот во Прилеп.

Сценографијата е на Горчин Стојановиќ, костимите на Раде Василев, а режисерката го направи изборот на музиката.

Во претставата, која има и адаптиран наслов „Од влакно ортома“, играат Зоран Иваноски, Димитар Ѓорѓиевски, Никола Настоски, Александар Степанулески, Андон Јованоски, Владимир Ѓорѓијоски, Марјан Чакмакоски, Наташа Наумоска и Даниела Иваноска.

You May Also Like