Промовирана монографија за Мите Грозданов

Во четвртокот (8 ноември) во Драмскиот театар беше промовирана монографијата за актерот Мите Грозданов со наслов „Мите-сцена, живот…“. Автор и приредувач на монографијата е Борче Грозданов – новинар и театарски критичар во Вечер.

Низ 13 поглавја и многу фотографии е претставен животниот и творечкиот пат на актерот, со над четири и пол децении кариера. Опфатени се детството, училишните, студентските денови, патешествието од Белград, преку Струмица до Скопје, ѕвездените мигови од Драмски, па од Струмичкиот, Штипскиот, МНТ, Албанскиот и другите театри и фестивали. Опишана е и активноста во неговиот Театар Македонија, соработката со аматерите, како и неговото другарување со поезијата која, наведува авторот, е втората уметничка љубов на актерот.

Монографијата содржи и семеен албум, како и текстови за Мите од десетина негови колеги и пријатели: Ристо Стефановски, Бранко Ставрев, Ванчо Петрушевски, Кирил Андоновски, Ердоан Максут, Викторија Анѓушева, Митко Мурџев, Ацо Видиков, Диме Илиев, Коле Ангеловски.

You May Also Like