Во српското списание АКТ објавени раскази од тројца македонски автори

Во најновиот јубилеен 50 број на списанието за литература, уметност и култура „Акт“ кое веќе 20 години излегува во Ваљево, објавени се раскази од тројца македонски автори: Томислав Османли, Христо Петрески и Александар Прокопиев.

 

Станува збор за прозните текстови „Смислата“ на Османли, „Three Oxfordshire Gradens“ на Прокопиев и кратките прози „Куќа“ и „Далтонист“ на Петрески.  Заедно со расказите, објавени се и био-библиографски белешки за нашите автори. Инаку, јубилејниот 50-ти број го отвара текст на истакнатиот автор Давид Албахари.

Списанието „Акт“ припаѓа на партнерската мрежа на европски списанија која ја сочинуваат „Текстуалиа“ од Полска, „Поетикон“ и „Апокалипса“ од Словенија, „Албатрос“ од Романија и „Корени“ од Македонија.

You May Also Like