“Османлиските културни белези во Македонија” во Чифте амам

Изложба со наслов „Османлиските културни белези во Македонија“ на 26 февруари (среда) во 17:00 часот во просториите на Чифте амам. Настанот е во организација на Турскиот културен центар Јунус Емре – Скопје.

osmanliskite kulturni belezi vo makedonija

Во најавата за овој настан се вели: „Република Македонија е земја крстосница помеѓу истокот и западот која изобилува со богато културно историско наследство наталожено низ вековите, изразено преку духовната и материјалната култура, е многу богато и разновидно. Оваа разновидност се гледа посебно преку предметите создадени на ова тло, кои се веродостојни сведоци за животот и развитокот на народите на овој простор од најстари времиња.

 

Од богатиот спектар на влијанија на различни култури во Македонија, можеме да го издвоиме влијанието на османлиската култура и уметност кои имаат значајна улога низ вековите наназад претставувајќи неразделен дел од заедничкото културно наследство. Изложбата која е пред нас, преку поставените експонати од турско – османлискиот период , претставува мал дел од овој вид културно наследство преку кој ние комуницираме со минатото преставувајќи им го на овој начин на љубителите на оставштината.

Оваа изложба презентира еден дел од експонатите со декоративни, украсни елементи направени во периодот меѓу 16 и 19 век во Македонија, со орнаментика со карактеристични и исклучително раскошни флорални мотиви и геометриски орнаменти кои се поврзуваат со исламската уметност во времето кога се создавани…“

osmanliskite kulturni belezi vo makedonija 1

osmanliskite kulturni belezi vo makedonija 2

Духот на едно минато време, збогатено со културни и уметнички влијанија од Турско – Османлискиот период е видлив и во градителските и занаетчиските традиции во Македонија. Предметите и градбите, репрезенти на секојдневниот живот од тоа минато време, изработени и обликувани од раката на многубројни домашни мајстори преку занаетите кои се развивале, се дел од културата кај нас, симболизирајќи дел од минатото кое и денес има неизбришливи траги во заедничката културна историја која ја споделуваме на ова наше тло.

Автор на изложбата: Даниела Николова

You May Also Like