Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ – Битола денеска (четврток, 20 септември, 2012 година) на пригоден начин го одбележа и промовираше јубилејот на Националната установа „Вардар филм“, односно 65 години постоење.
На прес-конференцијата во фестивалскиот центар, в.д. директорката Лепа Менкова потсети дека „Вардар филм“ е основан во 1947 година како прва Македонска продукциска куќа од посебен општествен интерес, а од 2003 година со владина одлука има статус на национална установа.
Во изминатите 65 години во „Вардар филм“ регистрирани се 800 документарни филмови, 50-на анимирани филмови и 40-на играни филмови за кои се добиени врвни светски награди и признанија. Годинава се одбележуваат и 60 години од првиот македонски филм „Фросина“.