На 28.01.2013 година (понеделник) во 20:00 во кино-салата на Кинотеката на Македонија, ќе биде одржана мини-фестивалска презентација со филмски проекции и изложба на фотографии – под името „Тин-филм-фест/ најдобри 2012“.

Во оваа прилика, ќе бидат прикажани краткометражните средношколски филмови на учесниците и натпреварувачите на средношколскиот АРТ фестивал „Ние сме најдобри“ – 2012, одржан на 14/15.12.2012, во Универзалната Сала во Скопје, а ќе биде поместена и Изложба на најдобрите натпреварувачки средношколски фотографски остварувања во рамките на истиот Фестивал.
На мини-фестивалската средношколска проекција во Кинотеката на Македонија, ќе бидатобјавени и доделени иофицијалните награди и дипломи за Најдобрите средношколски филмски остварувања од овогодишниот филмски сегмент на средношколскиот АРТ фестивал „Ние сме најдобри“ – 2012, филмови, кои според жири комисијата се покажаа како најдобри.
По прогласувањето на наградените и прикажувањето/проекциите на филмовите, во продолжение ќе биде одржан и кус информативен разговор помеѓу организаторите на овој настан, средношколците-учесници и стручни познавачи и проучувачи на филмот – разговор на актуелни теми поврзани со практичните и креативни можности на современиот аматерски филм во Македонија денес, и начините за што пошироко и поконкретно инволвирање на овие млади креативни луѓе денес – кон возбудливите води на филмската уметност и филмското производство.