Денеска (сабота, 11 август, 2012) во 20:00 часот во Магаза ќе биде промовирано ЦД на младиот хармоникаш Љупчо Доневски. Промоцијата е во рамките на Бит Фест.
На промоцијата Доневски ќе го покаже својот талент за свирење на хармоника, а присутните ќе може да уживаат во 9 македонски ора како Свадбарско, Јованова пајдушка, Македонска гајда и други. На сцената Доневски Љупчо ќе го придружуваат уште тројца музичари кои ќе свират гитара, бас-гитара и тапани.