Антологија на македонската поезија, чиј автор и преведувач е Авив Екрони, познат израелски поет, есеист и историчар на литературата, овјавена е на хебрејски јазик во Тел Авив.
Во Антологијата се застапени дваесет и пет поети, почнувајќи од првата повоена генерација, па натаму до денешните денови. Застапени се Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Србо Ивановски, Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Илхами Емин, Петре М. Андреевски, Јован Котески, Петар Т. Бошковски, Влада Урошевиќ, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Михаил Ренџов, Димитар Башевски, Ефтим Клетников, Тодор Чаловски, Ресул Шабани, Санде Стојчевски, Ристо Лазаров, Веле Смилевски, Бранко Цветкоски, Весна Ацевска и Славе Ѓорго Димовски.