„Лебедово езеро“ повторно на сцената на МОБ

Утре вечер, (вторник, 13.03.2012 година) со почеток во 20:00 часот на сцената на Македонската опера и балет ќе се изведе балетската претстава „Лебедово езеро“ од П.И Чајковски.

Во главните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова во улогата на Одета-Одилија, Роналд Савковиќ (Хрватска) во улогата на Принц Зигфрид и Јован Веселиновиќ (Србија) во улогата на Ротбарт. Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ.

Кореографијата е на Виктор Јеременко (Украина) со сценографија на Андреј Злобин (Украина). Костимографијата е на Гана Ипатиева (Украина). Со оркестарот ќе диригира Борис Спасов (Бугарија).

Репризата на оваа претстава ќе се одржи на 16.03.2012 (петок) со почеток во 20:00 часот на големата сцена на МОБ.

Светската премиера на овој балет е одржана во 1877 година во Баљшој театарот во Москва (Русија). „Лебедово езеро“ претставува љубовна приказна во која се раскажува и опишува вечната борба помеѓу доброто и злото.

You May Also Like