Со изложба на икони од копаничарот Веселин Поповски, член во Здружението на копаничарите на РМ,во црквата „Св Атанасиј“ во Новаци во петокот започна Културното лето во Општина Новаци.
Манифестацијата е под покровителство на градоначалникот на Лазар Котевски, а во организација на Kултурно иновативен клуб Новаци.
Програмата на манифестацијата „Културно лето Новаци 2014“ содржи конкретни,квалитетни и разновидни културни содржини од повеќе дејности на културата.
Во реализацијата на програмата предвидено е за прв пат распределување на културните содржини на повеќе локалитети во општината а не само во централното подрачје,со цел да се создадат услови за рамномерен културен развој и да се создаде можност граѓаните на Општина Новаци во што поголем бројда се доближат до културните вредности.