Претставата „Магија еделвајс“ во Универзална сала

Утре вечер (вторник, 13 март 2012 година) на репертоарот на Универзална е претставата „Магија еделвајс“ работена според култниот текст „Балканот не е мртов“ на Дејан Дуковски, во режија на Игор Ивковиќ, а во продукција на Миодраг Костиќ.

Прекрасната љубовна приказна за Осман Бег и македонката Цвета, заедно со романтичната љубовна приказна за Кемал Ататурк и Елени Каринте, на македонската публика ќе ја раскажуваат професионалните актери: ФИЛИП Кипровски (детето Дарко од култната ТВ серија „Умни глави“), СИМОНА Ѓокиќ (актуелна воедно како водителка и заштитно лице на емисијата БЕКСТЕЈЏ), кои се појавуваат во главните улоги на Осман Бег и Цвета. Тука се и Влатко Толески, Анастасија Ашкилова, Ивана Велковска, Фаик Мефаилоски и Дарко Богески.

Дали знаете дека Осман бег од култната „Македонска крвава свадба“ и не бил толку лош кон Цвета? Дали сте знаеле дека Цвета навистина го сакала Осман бег? Љубовта меѓу нив бил искрена. Во име на љубовта тој станал христијанин и се венчал со македонката Цвета во Црква.

Дали ја знаете најромантичната љубовна приказна за таткото на модерна Турција Кемал Ататурк и младата битолчанка Елени Каринте, кои не успеале да бидат никогаш заедно поради предрасудите кои ги имал нејзиниот татко богатиот трговец Ефтим?

Турската империја почнала да се распаѓа кога беговите и султаните почнале слепо да се заљубуваат и да веруваат во моќта на љубовта, а не во сабјата. Зошто се распаднала турската империја и какви се љубовни приказни постоеле од тоа време, можете да видите во комедијата „Магија еделвајс“ – претстава работена според култниот текст на Дејан Дуковски „Балканот не е мртов“ во продукција на Независниот ТЕАТАР 007.

Во неа играат: професионалните актери: ФИЛИП Кипровски (детето Дарко од култната ТВ серија „Умни глави“), Симона Ѓокиќ (водителка и заштитно лице на емисијата БЕКСТЕЈЏ), кои се појавуваат во главните улоги на Осман Бег и Цвета. Тука се и Влатко Толески, Анастасија Ашкилова, Ивана Велковска, Фаик Мефаилоски и Дарко Богески. Продуцент на претставата е Миодраг Костиќ, а режисер Игор Ивковиќ.

Претставата е со почеток од 20:00 часот. Билетите се по цена од 200 денари и може да се набават на касата на Универзална сала – Скопје.

You May Also Like