„Лајонс клуб Македoнија“ одбележа 15 години постоење

Во Управната зграда на Скопски Саем синоќа се одржа свечен коктел по повод 15 години постоење на „Лајонс клуб Интернешнал- Република Македонија“ и пет години „Лајонс дистрикт 132 – Македонија“.

Присуствуваа членовите на клубот на моќници, нивни гувернери и амбасадори и дипломати, а на крај на вечерта сосема изненади срдечното и еуфорично влегување, како и приемот на кој наиде уметникот Мирослав Масин.

Инаку, на церемонијата беа присутни повеќе амбасадори, а првиот гувернер Небојша Давидовски неочекувано доби највисок орден од светски ранг, од страна на Меѓународниот Претседател Вејн Маден, а кој му го врачија заедно со лајон Линда Маден.

Присуствуваше и поранешниот меѓународен директор Тон Сутерс и лајон  Махтелд Сутерс, гувернерот на дистриктот  Македонија Андреја Стојковски и лајон Живка Костовска-Стојковска.

На крај на вечерта Гувернерот на дистрикт 132, Андреја Стојковски го предаде чеканот и знамето на новоизбраниот гувернер, кој овој пат  е жена. Церемонијата на македонски и на англиски јазик ја водеше шармантната Васја Трпеноска, која подолго време се едуцираше во Америка.

You May Also Like