Претседателот Иванов на поранешниот чешки колега Клаус му подари албум од Четкар

Претседателот Иванов, за време на својата последна посета на Прага, се сретна со поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, на која му го подари албумот „Heavenly“ од македонскиот џез-музичар Владимир Четкар.

sredba_klaus_ivanov

Двајцата претседатели, како љубители на џез-музиката, во август минатата година присуствуваа на настап на Владимир Четкар во Охрид, по отворањето на четвртата Школа за млади лидери, на која поранешниот чешки претседател одржа предавање.

За возврат, претседателот Иванов доби џез-колекција, избор на поранешниот чешки претседател Клаус, направена по повод неговиот 70-ти роденден.

You May Also Like