Кривa Паланка град на културата за 2013

По аплицирањето на општина Крива Паланка за да биде домаќин на културната манифестација „Град на културата“ за 2013, ресорното министерство за култура одлучи Крива Паланка да биде домаќин на културата.

Комисијата за одржувањето на манифестацијата „Град на културата“, ги повика сите заинтересирани да ги дадат своите предлози за културни манифестации, но ги предупреди дека треба да бидат повнимателни бидејќи треба да ја оправдааат општината, односно улогата на општината  и да ја задржат Крива Паланка со богата културна несекојдневна понуда.

Се планира манифестацијата „Град на културата“ да започне накај средината на месец март, а сите предлози и идеи за проектот, ќе бидат предложени до Советот на општината и Локалната самоуправа.

извор:regioni.mk

You May Also Like