51-те Денови на Македонската Фотографија во организација на Фото сојузот на Македонија ќе се одржат во рамките на манифестацијата „Скопско лето“ 2013“.
Деновите на македонската фотографија го претставуваат пресекот на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во Република Македонија.
Ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија, членови на клубовите и фото групите при Фото сојузот на Македонија, самостојни автори членови на Фото сојузот,како и сите други фотографи да учествуваат на оваа престижна манифестација. Особено сакаме да ги охрабриме младите автори и авторки да ги испратат своите дела во младинската секција.
Темите на овој фото салон се – слободна за поединечни фотографии и слободна за колекции, а краен рок за прием е 07.06.2013.
Со особена посветеност ги повикуваме младите автори и авторки, до 21 година, да ги испратат своите дела во младинската секција. Учеството во младинската секција е бесплатно исто како и за членовите на ФСМ. За останатите автори и авторки, учеството е симболично и изнесува 200 денари.
Подетални информации ќе најдете на сајтот на Фото Сојузот на Македонија – www.fotosojuz.mk