На Меѓународната мултимедијална колонија Битола традиционално се доделуваат наградите Медијала како признание за уметничката работа и придонес на учесниците на оваа единствена од овој вид манифестација кај нас, но и на Балканот.
Годинашни добитници на наградата Медијала се: Даниела Божичковиќ Радуловиќ од Србија – за книжевност и сликарство, Зоран Пејковски – за книжевност; Наталија Пулејкова Радеска – за ликовна уметност; Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ – за книжевност и сликарство, и Силвана Петрова Насух – за сценски настап.