Во пресрет на Саемот на книгата 2013 издавачката куќа „ Бегемот“објави нов превод, за првпат на македонски, на делото „Критичарот како уметник“ од светски реномираниот автор Оскар Вајлд. Делото од англиски јазик го преведе Кристина Димкова.
„Критиката сама по себе е уметност.“ Ова е еден од исклучителните аргументи во текстот кој најверојатно е еден од најубедливите критички дијалози на Оскар Вајлд.
„Критичарот како уметник“ ја истражува Вајлдовата одбрана на критиката преку остар, духовит, остроумен дијалог и фасцинантни, одлично обмислени аргументи.
Овој теориски дијалог користи базични примери за да дискутира на многу теми, како критиката, како уметничката форма, вистинската дефиниција на критичарот, вредноста на критиката над уметноста и многу други. Како вистинско богатство за обожавателите на Вајлд и добродојден прилог кон секоја библиотека, „Критичарот како уметник“ го поткрепува духовитиот поглед на големиот светски писател и неговата вистинска љубов кон уметноста.