Јубилејно издание на „Синтези“

Здружението за уметност и култура на живеење “Дијалог” од Скопје го објави јубилејниот 30-ти број на македонскиот книжевен гласник “Синтези”.

Списанието донесува поетски, прозни и критичко-есеистички прилози од низа истакнати домашни и странски автори, меѓу кои: Бернхард Шлинк, Матеја Матевски, Ефтим Клетников, Иван Џепароски, Андреј Вознесенски, Љубомир Левчев, Богомил Ѓузел, Илинка Митрева, Трајче Кацаров. Во “Синтези” во интегрален вид, со толкувачки текст на Бранко Цветкоски, е објавена поемата “Век за самување” за која поетот Веле Смилевски ја доби наградата “Григор Прличев” за најдобро остварување во овој жанр. Во рамките на рубриката “Портрет”, списанието донесува прилози посветени на творештвото на Влада Урошевиќ.

 
На Меѓународниот саем на книгата во Скопје, јубилејниот број на “Синтези”, во рамките на акцијата “Подари книга”, на читателите ќе им се дели бесплатно. Посетителите на штандот на Здружението за уметност и култура на живеење “Дијалог” ќе можат да добијат примероци и од предходните броеви на “Синтези”.

You May Also Like