Фестивал на чоколадото во Скопје

Од денеска (петок, 22 февруари) во Веро Центарот ќе се одржи несекојдневен фестивал на чоколадото наречен „Чоколадна земја“.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во изборот на над 1000 различни чоколадни производи од домашни и странски производители, бели, црни, чоколади со различни вкусови и разни додатоци. Наменет пред сè за најмладите и нивните родители, но и за сите вистински љубители на чоколадите, овој фестивал ќе донесе многу радост и среќа за сладокусците. Покрај можноста за дегустација, секој посетител ќе може и да купи производи по промотивни цени и да ужива со своите блиски во специјалната и богата програма.

Вториот викенд ќе се организира чоко работилница каде дечињата ќе имаат можност да учат да изработуваат чоколадни колачиња и разни други чоколадни форми во придружба на артисти. А, за третиот викенд предвидени се игри со големо домино, куглање и хулахоп додека последниот викенд ќе се организира голема детска забава придружена од детски хор, бинго и други забавни игри кои како содржина се предвидени и претходните викенди.

You May Also Like