Почнувајќи од утре (понеделник, 18 јуни) започнува манифестација насловена како „Театарот за храмот Света Петка“, која ќе трае секојдневно се до петок (22 јуни) во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Истата ќе ја реализира театарот „Војдан Черндорински“, а ќе бидат прикажани пет претстави за љубителите на театарот.
Стартот е в понеделник со „Антица“ во режија на Бранко Брезовец, во вторник е изведбата на „Маратонците го трчаат почесниот круг“ во режија на Кирил Петрески, во среда „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски, во четврток „Кавкаскиот круг со креда“ во режија на Мартин Кочовски, а во петок најновата премиера „Земјовата невеста“ во режија на Нела Витошевиќ.
Претставите ќе се играат со почеток во 20:00 часот. Прилепчани влезниците ќе ги подигаат од билетарницата на театарот и при тоа да донираат колку можат и сакаат за изградба на храмот Св.Петка.