Студентите ќе дискутираат за енергетската ефикасност

Во Скопје, од 16 до 18 мај, за прв пат ќе се одржи студентска конференција на тема „Енергетска ефикасност и одржлив развој“.

Конференцијата е организирана под покровителство на Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје (ФЕИТ), во соработка со интернационалната студентска организација ИАЕСТЕ Македонија.

Идејата на оваа конференција е на едно место да ги обедини стуеднтите, пред се, професориите и компаниите кои се занимаваат со проблематиката на енергетската ефикасност и одржливиот развој, со цел да се претстави работата на истите и да се овозможи научно-истражувачка работа во оваа област.

Станува збор за иницијатива на самите студенти за организирање на конференција од ваков тип, што укажува на желбата и потребата на студентите да се организираат повеќе конференции и настани од сличен карактер на кои ќе можат и самите да земат учество и да се претстават со сопствен труд. Токму една од главните цели на оваа конференција е поттикнување на интересот кај младите за научно-истражувачка работа.

You May Also Like