„Конекција“ во КИЦ Софија

Вчера вечер (понеделник,2 јули 2012 година), во галерискиот простор на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија,  беше отворена ликовна изложба со наслов „Конекција“.

На изложбата се претставени дела на пет млади ликовни автори од Македонија, кои годинава магистрираа на НХА (Национална Уметничка Академија) во Софија. Зоран Мише, Павел Целкоски и Горан Тричковски се претставени со свои графики, Ненад Мичиќ со свои скулптури од керамика, а Зоран Георгиев со неколку дела во масло на платно.

Во присуство на младите ликовни уметници, изложбата ја отвори директорот на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Васко Шутаров. Изложбата ќе биде поставена во текот на летните месеци и ќе може да биде видена секој работен ден на Центарот, до почетокот на месец септември.

You May Also Like