„Кавалерија рустикана“ по повод 150 години од раѓањето на Пјетро Маскањи

В петок (18 јануари) во 20:00 часот во Македонската опера и Балет ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“. Изведбата е како дел од одбележувањето на 150 години од раѓањето на композиторот Пјетро Маскањи.

Македонска опера и балет
Македонска опера и балет

„Кавалерија рустикана“ е опера во еден чин која прв пат била изведена во Рим на 17.05.1890 година.

Диригент: Бисера Чадловска
Режисер: Волфганг Вајт (Германија)
Асс.режисер: Трајко Јордановски
Сценограф: Живојин Трајановиќ
Костимограф: Лира Грабул
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Асс.хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Андреја Наунов, Јанинка Невчева, Елена Сиљаноска

Солисти:
Сантуца: Дешира Ахмети-Крлиу
Туриду: Цветан Стојановски
Алфио: Ристе Велков
Лола: Олгица Милевска
Мајка Лучија: Марика Поповиќ

You May Also Like