Трајче Кацаров e добитник на наградата Струшко изгрејсонце

Годинашен добитник на наградата Струшко изгрејсонце, која се доделува за најдобра книга за деца и млади од македонски автор, е познатиот писател Трајче Кацаров за книгата „Ојле Брада во животинска балада“, во издание на Пинокио од Штип.

trajce kacarovВо образложението за наградата се вели дека Трајче Кацаров во својата најнова книга за деца и млади „Ојле Брада во животинска балада“ – во центарот на случувањата ги става и предимство им дава на животните, кои се вклучени и застапени и ликовно и текстуално во книгата.

Авторот го определува видот на својата поетска и лирска творба уште во самиот наслов, па вели дека е балада, односно е песна која има епски карактер, па како подолга усмена литературна творба се одликува со истовремено присуство на епски и лирски елементи – искажани често на драматичен начин.

Инаку, Трајче Кацаров ги има создадено и објавено и следниве книги за деца и млади: Сулиндари (пиеса, 1995), Ети ја спасува Тера (пиеса, 1997), Сето друго е помалку важно (избор пиеси, 2011) и Токму на полноќ (пиеса, 2013).

You May Also Like