Средба на министерката Канческа-Милевска со турскиот амбасадор Солендил

Средба на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска со турскиот амбасадор Омур Солендил …

kanceska turski ambasador

Министерката Елизабета Канческа-Милевска денеска во просториите на Министерството за култура се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Турција во Република Македонија, Омур Солендил.

На средбата, двајцата соговорници потенцираа дека двете земји имаат традиционално одлична соработка која ги опфаќа сите сегменти од културата. Канческа-Милевска подвлече дека во рамките на досегашната успешна соработка реализирани се повеќе проекти во областа на заштитата на културното наследство, меѓу кои обновата на родната куќа на родителите на Ататурк во Коџаџик, Спомен-собата на Мустафа Кемал Ататурк во Битола, како и преку размена и учество на уметниците од двете земји на значајни културни манифестации во Македонија и во Турција.

kanceska turski ambasador 1

Министерката изрази и голема благодарност по повод вредната донација на турската Влада, репликата на саркофагот на Александар Македонски, наменета за Археолошкиот музеј на Македонија. Музејот, како значајна инвестиција на Министерството за култура, во кој се изложени повеќе од седум илјади артефакти од богатото културно наследство на Република Македонија, предизвика голем интерес кај јавноста, а тоа се потврдува и со фактот што секојдневно е посетен од голем број домашни и странски посетители. Канческа–Милевска го запозна турскиот амбасадор и со инвестициите на Владата на Република Македонија и на Министерството за култура, како и со текот на реализацијата на изградбата на Турскиот театар.

Амбасадорот Солендил истакна дека добрата соработка во областа на културата ќе продолжи и во иднина преку реализација на уште многу проекти меѓу двете земји.

Канческа-Милевска му посака успешна дипломатска мисија на новиот амбасадор Солендил и изрази очекување дека за време на неговиот мандат, пријателските односи и соработката во областа на културата меѓу двете земји ќе продолжат да се засилуваат и да се продлабочуваат со уште понагласена динамика.

You May Also Like