„Пророштвата на Нострадамус“ од Марио Ридинг на македонски јазик

Издавачката куќа „Просветно дело“ деновиве ја објави книгата „Пророштвата на Нострадамус“ од Марио Ридинг.

Нострадамус напишал илјадници пророштва. Само 942 се сочувани. Што се случило со стиховите кои недостигаат? И какви тајни кријат? Оваа тајна ќе ја покренат двајца сосем различни мажи. Адам Сабир е писател кој очајнички се бори повторно да ја заживее својата кариера; Ејчор Бејл е член на древно тајно друштво, одамна посветено на поддржувањето на “тројцата Антихристи“ чија појава ја прорекол Нострадамус – Наполеон, Хитлер и “оној кој допрва доаѓа“… Додека Сабир е вовлечен во скриениот свет на француските Роми, Бејл му е на трагата. Застрашувачкиот лов почнува…

You May Also Like