Во издание на „Магор“ излезе од печат новиот роман на авторот Томислав Османли насловен „Зад аголот“.
Ова е седма прозна книга на авторот кој со својот роман првенец „Дваесет и првиот“, според оценка на најрелевантните проследувачи на домашниот книжевен простор, отвори нов романескен дискурс во современата литература.
За новиот роман „Зад аголот“ рецензентот Д-р Александар Прокопиев, книжевен теоретичар-компаратист, инаку минатогодишен добитник на наградата „Балканика“, меѓу другото, пишува „…Томислав Османли и во својот нов роман создава, колку оригинално, толку и книжевно релевантно дело кое силно ќе првозвучи во новата македонска романескна проза“