Во рамките на седмото издание на БИТ ФЕСТ започнува 6 тото издание на „Локум фест“ – музика и традиција претставена на Широк Сокак и Старата Битолска чаршија.
Програмата на годинашнниот „Локум фест“ предвидува повеќе настани на различни локации во градот:
Во 20:00 часот во КЦ Магаза ќе биде отворена изложба на фотографија „Занаетчиството во Битола“. Изложбата се реализира во соработка со Регионалната занаетчиска комора од Битола.
Во исто време на Широк Сокак и во Старата чаршија ќе се одржува Чалгиска вечер со наслов „Ако одам во Битола“.
Утре (петок, 20 јули) фестивалот кој ја негува музиката и традицијата ќе продолжи со Дефиле низ Широк сокак во 20:00 часот, а во 20:30 и со настап на пејачкото друштво „Сирма Војвода“. Потоа следуваат настапи на групите „Kynnes Kabale “ од Данска и „Istanbul Kolektif “ од Турција. Предвидена е и изложба на ракотворби, која ја организира ЗУР Македонски ракотворби.
„Локум фест“ ќе биде затворен в недела.