Коле Манев изложува во „Матица ексклузив“

Во центарот „Матица ексклузив“ денеска напладне ќе биде отворена изложба на слики од уметникот Коле Манев, а воедно ќе биде промовирана и монографија за авторот, објавена на македонски, француски и на англиски јазик.

За делото на Манев ќе зборува писателот Раде Силјан. Изложбата на Манев во „Матица ексклузив“ ќе биде отворена до 30 ноември.

Коле Манев се школувал во Скопје и Белград, бил на студиски престој во Париз, а во Прага посетувал предавања за анимиран филм. Имал повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, Франција и во земјите од регионот.

Добитник е на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство.

You May Also Like