На отворањето на фестивалот, закажано за утре (петок, 15 јуни) покрај режисерот Теона С. Митевска, ќе присуствува и познатата актерка, една од музите на педро Алмодовар – Викторија Абрил, која ќе се поклони пред гледачите во родната Шпанија.
Филмот „Жената која ги избриша солзите“ во продукција на „Сестри и брат Митевски“ уште два пати ќе биде прикажан во рамките на програмата на главната конкуренција. На овој фестивал Теона Митевска веќе има освојувано награди, и тоа специјаната награда од жирито, со „Јас сум од Титов Велес“.
На 25 јуни, пак, филмот ќе има специјална проекција во Њујорк, наменета за дистибутерите и продажните професионалци од Америка, која „Урбан дистибуција“, продажниот агент на филмот, ја прави во координација со „Европската филмска промоција“.