Билетите за престојното издание на фестивалот за нова музика Здраво Млади ќе бидат пуштени во продажба веќе од денеска 11.април.
Првичната цена ќе изнесува 400 денари. Веќе од 27 април цена на билет ќе изнесува 500 денари, а од 18.мај цената на билет ќе ја достигне највисоката цена од 600 денари.
ЗДРАВО МЛАДИ ќе се одржи на 23 мај 2014 во МКЦ Скопје.
Организаторите информираат: „Најавени артисти се американските бендови !!! (Chk Chk Chk) и The Soft Moon, под точка 2 ќе ги најавиме новите два изведувача, остатокот од програмата ќе биде објавен наскоро, но, како и да е, оваа година фестивалската програма ќе се одвива на една бина, во еден фестивалски ден, а ќе настапат 6 изведувачи.
Сакаме да напоменеме дека поради фактот што !!! (Chk Chk Chk) имаат ексклузивен настап во Скопје, а до сега немаат настапено во поблискиот регион, за нивниот настап владее голем интерес и во соседните земји, ве советуваме да се снабдите со билет наверемено, бидејќи капацитетот на Здраво Млади е ограничен.
Оваа година имаме новитет со таканаречен „другарски“ билет и сите што ќе купат заеднички 4 билети, добиваат 1 билет гратис. Акцијата „другарски“ билет ќе биде спроведена САМО на билетарата на МКЦ. Билетарата на МКЦ работи од вторник до сабота од 13:00 до 20:00.
Билети за Здраво Млади ќе можете да набавите на билетарата на МКЦ, во Југотон и 1/2 Југотон, а за луѓе од внатрешноста на Македонија постои мејл за резервација на билет на bileti@mkc.mk.
Домашните ФОНИЈА и ТRUS од Словенија се новите две имиња на ЗДРАВО МЛАДИ!
ФОНИЈА е панк рок трио кое работи напорно и пишува опасно мелодични песни. Со просек од 20 години по член тие успеаја да издадат 4 албуми и да регрутираат завидна фан база во Македонија. Личната политика е нивната политика, а брзата меланхолична мелодија нивниот трејдмарк. Секогаш стегнати во живите настапи и водејќи се од идејата дека добрите бендови се чекираат на нивните концерти Фонија со нетрпение го чекаат секој свој следен настап!
Штотуку вратени од европска турнеја, ФОНИЈА се наоштрени да ја распарчат бината на Здраво Млади. Фонија се: Дени Крстев, Стефан Ристовски и Кристијан Лафазановски.
www.fonija.mk
TRUS!
Мултижанровското трио TRUS! е новото откритие на словенечката музичка сцена, а во 2013 издадоа дури 2 албума, од кои деби албумот First Step (Moonlee Records, ZARS) е прогласен за албум на година од страна на култното Радио Штудент, како и според други релевантни словенечки медиуми.
TRUS! успешно комбинираат со разиграноста на панк рокот, палавоста на инди-електрониката и заводливоста на треш поп-от. Разноврсното музичко искуство на членовите на бендот се одразува и на нивниот непредвидлив музички израз, што јасно може да се почувствува и во нивните песни, низ која струјат хектични и снажни испади, нежни атмосфери и живописна разиграност. Во загонетната музичка мешавина на групата TRUS! може да се препознаат влијанија на широк спектар на бендови како што се Animal Collective, Deerhoof, Bilk, Milemarker, Stereolab и Trans Am. Сепак, тоа и понатаму не ги обфаќа сите аспекти и разноликоста на нивната музика, причина повеќе да ги начулиме ушите и едноставно да и се препуштиме на музиката.
TRUS! се:
Јелена Русјан – бас, гитара, вокал
Боштјан Симон – сајзер, саксофон, вокал
Марко Ласиќ – тапани
www.moonleerecords.com/artists/trus
https://www.facebook.com/TRUSband
Во вторник завршува конкурсот за пријавување за средношколскиот промотивен ден на Здраво Млади 2014.
Конкурсот е отворен за сите музички жанрови и формации, во конкуренција влагаат сите кои имаат авторска музика и кои се ученици во средно училиште.
Ќе бидат селектирани најмалку 7 бендови кои ќе настапат во Младиснкиот Културен Центар на 10.05, а бендот кој ќе биде избран за најуспешен ќе го отвори годинешното издание на Здраво Млади. Повеќе информации околу оваа иницијатива на следниот линк: